Како што објави виенскиот весник „Курир“, Фронтекст во свој извештај наведува дека во државите од просторот на некогашна Југославија „лесно може да се дојде до „Калашникови“ и бомби“.
Според проценките на Агенцијата, само на територијата на Босна и Херцеговина има околу 800.000 илегални парчиња оружје.
– Блиската соработка и размената на информации меѓу безбедносните служби е решавачка за борба против шверцот со оружје, оценува Фронтекс.
Агенцијата потестува дека во терористичките напади во Париз минатата година и во Брисел пред две недели терориситте беа вооружени со „Калашникови“ за кои посотојат индиции дека потекнуваат од Балканот.
– Проблемот со илегалната трговија на оружје од Балканот е познат веќе подоглго време, а Фонтекст сега укажува дека ризикот за шверц е зголемен со приливот на бегалците, наведува „Курир“.