Фронтекс рефирирал за добра соработка со Македонија на грчката граница

Европската комисија денеска информрираше дека синоќа се одржала 14-тата видео-конференција меѓу лицата за контакт номинирани по средбата на лидерите на земјите долж западно-балканската бегалска рута што се одржа на 25 октомври, меѓу кои е и претставник на Република Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, според соопштението што го лиферуваше Еврокомисијата, целта била овој состанок да се надоврзе на договорот постигнат на средбата во октомври минатата година и утврден во изјавата на лидерите на земјите долж западно-балканската рута.

Во однос на Македонија, според ЕК, европската гранична служба Фронтекс пријавила напредок што е постигнат во врска со преговорите со Грција за и понатаму да се зголеми поддршката од страна на Фронтекс на грчката граница со Македонија. Притоа, Еврокомисијата обезбедила ажурирање на напорите за поддршка на Република Македонија во однос на управувањето со границата.

Според неформалната Влада на Европската унија предводена од Жан-Клод Јункер, високи претставници на земјите и агенциите кои присуствувале на видео-состанокот имале детална дискусија за последните трендови во однос на надворешните граници и капацитетите за прием. Широка дискусија за различното управување со граничните премини биле тема за размена на информации меѓу земјите и организациите за време на состанокот, вклучувајќи ги следниве клучни точки:

– Фронтекс пријавил за напредокот постигнат во врска со преговорите со Грција за и понатаму да се зголеми поддршката на Фронтекс на грчката граница со БЈР Македонија. Комисијата обезбеди ажурирање на напорите за поддршка на Република Македонија во однос на управувањето со границата.

– Комисијата информирала за исходот на Втората видео-конференција меѓу националните полициски органи од сите земји-учеснички. Во текот на оваа видео-конференција на националните полициски направија увид на ситуацијата на теренот и ги идентификуваа конкретните последици од промените во политиката на управување со границата на земјите-учеснички.

– Холандското претседателство информирало за исходот од состанокот на политичко ниво, што се одржа на маргините на неформалниот Совет за правда и внатрешни работи на 25 јануари меѓу Австрија, Хрватска, Германија, Грција, Србија и Словенија. Средба политичко ниво со претставниците на сите земји-учеснички плус Турција, Либан и Јордан е предвидено за следниот Совет за правда и внатрешни работи на 25 февруари.

– Холандското претседателство, исто така, информирало за средбата на политичко ниво со Турција, што се одржа на маргините на неформалниот Совет за правда и внатрешни работи на Советот на 25 јануари во Амстердам, каде што учесниците разговараа за напредокот во однос на спроведувањето на заедничкиот акциски план на ЕУ и Турција. Исто така, Комисијата ги информираше учесниците за исходот на Високиот политички дијалог меѓу ЕУ и Турција што се одржа во Анкара на 25-ти јануари.

Во исто време, според соопштението на неформалната Влада на Европската унија, УНХЦР обезбедил ажурирање на напредокот во однос на испораката на 20.000 места за прием што ќе бидат обезбедени во рамки на приватно сместување преку систем на ваучер со партнерите во Грција. Ова е дел од вкупниот број на 50.000 дополнителни места за прием што Грција превзеде обврски да ги обезбеди на лидерскиот на состанок на 25 октомври.

– УНХЦР добро напредува кон целта. Бројот на места се нудат од страна на УНХЦР, преку нивните партнери и досега изнесува околу 14.520 места за сместување. УНХЦР и Грција, исто така, ажурираа за тековните работи во однос на зголемувањето на капацитетот за прием во грчките острови, известуваат од Европската комисија.

 

Според соопштението на официјален Брисел, оваа група ќе свика нов состанок преку видео конференција на 3 февруари, а во меѓувреме ќе продолжат и билатералните контакти за да се обезбеди целосна комуникација, координација и соработка за решавање на миграциските текови и да се обезбеди хуман третман на лицата кои бараат азил во Европа.

 

Како што е познато, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на 21 октомври минатата година повика на лидерска средба за приливот на бегалци по должината на западно-балканската траса со цел да се посвети внимание на вонредната ситуација што се одвива по овој пат. На средбата на сите 12 држави, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, договорено е да се понудат контакт-точки во рок од 24 часа за да се овозможи дневна размена и координација за да се постигне постепено, контролирано и уредно движење на лица по должината на западно-балканската рутата и за следење на спроведувањето на планот од 17 точки. Од Македонија, контакт-лице е Анастасија Илиеска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

На 15 декември 2015 година, Европската комисија го објави извештајот за напредокот на мерките што се преземаат во справувањето со кризата со бегалците и миграцијата долж западно-балканската рута и оттогаш истиот се ажурира по видео-конференцииите на контакт-точките. А, иако Србија определи 6.000 места за прием и привремено сместување на бегалците, а Словенија речиси 10.000 сместувачки капацитети, Република Македонија досега не определила ниту едно место повеќе од двете илјади што претседателто Иванов ги понуди на лидерската средба на 25 октомври 2015 година во Брисел.