Речиси половина милион бегалци влегле во Грција за три месеци

Агенцијата на ЕУ за контрола на надворешните грамници, Фронтекс денеска соопшти дека во последните три месеци од 2015. година во Грција пристигнале речиси половина милион илегални мигранти, од кои половината тргнале понатаму преку Балакнот на север.

Фронтекс во периодот меѓу октомври и декември минатата година регистиррал 484.000 илегални минувачи на границата на „источномедитеранската рута“ од Турција до Грција, како и 466.000 на „западнобалканската рута“.

Во последниот квартал од минатата година вкупниот број на илегални минувачи на границите во ЕУ изнесувал 978.300, што претставува рекорден број откако Фронтекс води податоци од 2007 година, пренесува Танјуг.

Од оние кои дошле во Грција, 46 проценти навеле дека се од Сирија, а 28 проценти од Авганистан, додава Фронтекс.

Забележан е пад на приливот на имигранти од Либија во Италија, но и пораст од Мароко во Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.