Фросина Ременски ја продлабочува партизацијата

Нетпрес дојде до нови сознанија околу партизацијата која се врши во установите од социјалната заштита, по скандалозната и незаконска одлука на техничката министерка за труд и социјална политика за разрешување на директори на Центри за социјална работа и јавни установи, за која веќе се поднесени соодветни тужби.

Имено како веќе што објавивме, според добро упатени извори, се работи за смислена операција на промена на легитимно избраните директори со членови на СДСМ кои веќе работат во Центрите. Во текот на новогодишните и божиќните празници во соработка со општинските организации на СДСМ договорани се имињата за в.д. директори при што и дел од самите нив биле изненадени од партиската одлука.

remenski-resenie-1

Во примерот со назначување на директор на Јавна установа Завод за рехабилитација на деца и младинци од Топанско поле-Скопје, не само што е поставен проверен партиски кадар туку и прекршени се условите за избор на в.д директор. Фросина Ташевска Ременски спротивно на законските одредби за в.д директор го поставува Љупчо Кец Мицковски, член на СДСМ од Сопиште, советник во општина Сопиште во 2000 година, градоначалник во периодот од 2005-2009. Во 2009 и 2013 повторно бил кандидат на СДСМ за градоначалник.

Неговото назначување за в.д директор е незаконско бидејќи Мицковски има несоодветно образование дипломиран инжинер агроном спротивно на условите. Согласно Статутот на јавната установата за директор на Установата  може да биде избрано  лице кое покрај општите услови предвидени со Закон,треба да ги исполнува и следните посебни услови:

-да има високо образование, VII-1 степен стручна подготовка од следните образовни профили: Дипл дефектолог, Дипл. педагог, Дип. психолог, Дипл. социјален работник или Дипл.правник.

Исто така Мицковски во јавноста остана запаметен по настанот во 2008 кога под дејство на алкохол со службено возило прегази членови на ВМРО-ДПМНЕ од кои еден бил тешко повреден.  Повеќе од очигледно е дека партиската определба на Љупчо Мицковски била клучна за назначување на в.д директор кој треба да служи на техничката министерка за правење хаос во установите.

remenski-resenie-2

remenski-resenie-3

И во останатите случаеви на назначување на в.д директори се работи за докажани активисти на СДСМ:

в.д  директор на ЦСР Струмица Зоран Манев-претседател на ОО СДСМ и претседавач на совет на општина Струмица, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ

в.д    директор на ЦСР Гостивар Надица Величкоска- член на СДСМ, поранешен советник во советот на општина Гостивар

в.д директор на ЦСР   Радовиш Драги Димитриев-поранеше директор на ЦСР разрешен поради незаконско работење

в.д директор на ЦСР Крушево Хрисула Кузмановска-член на СДСМ, во 2015 и било изречено дисциплинска мерка.

в.д  директор на ЦСР Прилеп Живко Силјаноски-поранешен директор на ЦСР во  време на СДСМ

в.д директор на ЦСР Скопје Сузана Илиевска-и била поднесена иницијатива за дисциплинска постапка и партиски активист на СДСМ

в.д директор на ЈУ Дом за доенчиња Битола-Соња Илиевска директор на детска градинка во Битола во време на СДСМ
в.д директор на ЦСР Берово Виолета Фурнаџиска-поранеше на директрор на ЦСР во време на СДСМ

в.д директор на ЦСР Ресен Зоре Проевска-партиски активист на СДСМ

в.д директор на ЦСР Кочани Соња Андоновска член на СДСМ

в.д директор на ЈУЗавод за заштита и рехабилитација бања Банско-Стојанка Изова поранешен директор во времето на СДСМ

в.д директор на ЦСР Демир Хисар  Димче Митрески-член на СДСМ.

Ја охрабруваме техничката министерка Ременски во текот на денот да си поднесе кривична пријава за незаконско работење.