„ФЦА Амбиенте“ најавува тужби во врска со информациите за тендерот за „Дрисла“

Италијанската компанија „ФЦА Амбиенте“, која неодамна стана сосптвеник на скопската депонија „Дрисла“ најави тужби поради „крајно штетни факти и акти искажани на штета на ФЦА Амбиенте

Италијанската компанија „ФЦА Амбиенте“, која неодамна стана сосптвеник на скопската депонија „Дрисла“ најави тужби поради „крајно штетни факти и акти искажани на штета на ФЦА Амбиенте кои ја извртуваат  и оцрнуваат реалност“.

Во соопштението од компанијата се наведува дека компанијата не може да го толерира настанатот бидејќи сметаат дека бил премина прагот на правна и морална прифатливост.

 

„За таа цел, Друштвото без понатамошно одлагање, со цел да ги заштити своите права, ги овласти своите правни застапници, да започнат судска постапка, помеѓу другото, и преку Јавниот обвинител и македонските судови“, се вели во соопштението.

 

Од компанијата истакнуваат „ФЦА Амбиенти нема ниту политички интереси, ниту политички ’татковци’, напротив активностите на Друштвото се распознаваат по својата неутралност. Ние сметаме дека животната средина е добробит на целата македонска заедница, како и цел за Македонија да се доближи до социјалните стандарди и стандардите за квалитет на земјите од ЕУ.“

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.