Фудбал У-18: Македонија ја победи Црна Гора

фудбал

Бојан Колевски во 17. минута го постигна водечкиот гол за Македонија по акцијата која ја започна Елмаз, а во шеснаесетникот на Црна Гора нафрли Михаил Маневски. Колевски само пет минути по нашето водство можеше да ја удвои предноста, но не беше прецизен одново по додавање на Маневски.

Во второто полувреме младите гостински фудбалери се обидуваа да создадат шанса за израмнување, но не успеаја. Македонија го зачува водството до крајот.

Утре на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ двете репрезентациите ќе го одиграат вториот меѓусебен контролен натпревар. Почеток е во 11 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.