Фудбал У-19: Македонија ќе одигра два натпревара со БиХ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 13 и 15 септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција од Босна и Херцеговина.

Селекторот на Македонија, Јетон Несими за пресметките против БиХ ги повика следните фудбалери:

голмани: Артан Иљази (Милано), Кристијан Стевковски (Скопје);

одбрана: Тодор Тодоровски (Металург), Михаил Маневски (Академија Пандев), Медин Бајрами (Марибор, Словенија), Антонио Митрев (Металург), Андреј Кировски (Вардар), Ване Јованов (Академија Пандев);

среден ред: Бејнамин Мистафиќ (Ст. Полтен, Австрија), Филип Стојчевски (Металург), Дарко Додев (Металург), Алпај Јусуф (Милано), Кристијан Трпановски (Академија Пандев), Шефит Шефити (Шкендија), Јани Атанасов (Академија Пандев), Елиф Елмаз (Работнички);

напад: Марио Крстовски (Хоризонт Турново), Кристијан Ачковски (Работнички), Марко Феруковски (Офенбах, Германија), Бојан Колевски (Металург);

Првиот натпревар (13 септември) почнува во 16 часот, додека на 15 септември (четврток) пресметката започнува во 11 часот.