Фудбалер на Барселона осуден на една година затвор

Фудбалер на Барселона осуден на една година затвор
Фудбалер на Барселона осуден на една година затвор
Поради затајување на данок Хавиер Маскерано доби затворска казна од една година.

Фудбалерот на Барселона два пати беше обвинуван, а по судењето денес му е изречена пресуда – затвор во времетраење од една година и 815.000 евра казна.

Затворската казна, според зборовите на неговиот адвокат, би можел да ја избегне за сметка на покачување на паричната казна за што сите се залагаат.

Маскерано призна дека затаил 1,5 милиони евра во 2011 и 2012 година.