Фудбалер на Интернасионал во конфликт со своите навивачи

Дефанзивецот на бразилскиот тим Интернасионал, Фабрисио, на мечот против Ипиранга влезе во вербален дуел со навивачите на својот тим, откако претходно добиваше свирежи од нив за време на натпреварот.

Поради недостојното однесување, тој доби црвен картон и беше исклучен од натпреварот, а едвај се смири за да замине во соблекувалната. Нервозниот фудбалер очигледно подолг период е во немилост на домашните фанови, па синоќа му “прекипа”..