Спорт

Фудбалер на Макаби предизвика општа тепачка

Фудбалер на Макаби предизвика општа тепачка

Градското дерби во Тел Авив, помеѓу екипите на Хапоел и Макаби беше прекинато уште во првото полувреме, при резултат 1:1.

Хапоел прв поведе, а во 22-та минута, напаѓачот на Макаби, Еран Захави постигна гол за израмнување, кој го прослави со “пукање” кон противничката навивачка група, нешто што ги разбесни навивачите на Хапоел.

Еден од навивачите успеа да помине покрај обезбедувањето и да влезе во клинч со Захави. По неколку разменети удари, обезбедувањето конечно го изнесе навивачот надвор од теренот, додека фудбалерот на Макаби доби црвен картон.

Шефот на полицијата во Тел Авив потврди дека 10 навивачи се уапсени, а со помош на видео снимката од мечот ќе бидат идентификувани и останатите учесници во инцидентот.

По шест одиграни кола Макаби е втор на табелата со 15 бодови, додека Хапоел е на шестото место со пет бодови помалку.