Фудбалер уби судија во Аргентина

Крвава завршница на фудбалски натпревар во Аргентина. Фудбалер уби судија и повреди уште еден играч во неделата во областа Кампо дела Рибиера во Аргентина.

Младиот играч го убил судија со пиштол бидејќи му покажал црвен картон. Играчот гневен поради исклучувањето, излегол од теренот, од својот ранец извадил пиштол, се вратил и испукал три куршуми во судијата кои се покажале смртоносни.

Пукал и кон еден играч и го погодил во градите, но за среќа тој е надвор од животна опасност.

„Не знаеме што точно се случи, но играчот бил бесен, го замал пиштолот и го убил судијата“ – изјави полицијата која трага по играчот кој е во бегство.