Фудбалери и политичари ќе бидат сослушувани поради случајот со елитната проституција

Дел од фудбалерите на српската репрезентација, политичари и бизнисмени наскоро ќе бидат повикани на сослушување во полиција поради сомнение дека користеле услуги на елитните проститутки, пишува српски Курир, пренесува Нетпрес.

Постојат сомневања дека познатите спортисти во средината на ноември, за време на собирањето на репрезентацијата во Србија контактирале со Михаил М.  по што тој им испратил „елитни“ проститутки во собата, меѓу кои се претпоставува дека била и Мими Оро.

– Се претпоставува дека фудбалерите издвоиле поголема сума пари за сексуални односи со старлетите, водителки. Веруваме дека по сослушувањето на спортистите ќе бидат откриени имињата на уште неколку јавни личности кои се занимаваат со најстариот занает, велат извори од истрагата за српски Курир.

Истиот извор тврди дека ќе бидат сослушани и политичари и познати бизнисмени кои изнајмувале проститутки. Се верува дека има  голем број угледни јавни личности кои редовно ги користеле услугите на овие девојки.

Како што дознава весникот, Михајло М. осомничен за организација на елитна проституција не работел сам, туку за сопругата на познат српски бизнисмен која се наоѓа на челото на пирамидата на елитната проституција. Михајло М. против кого е покрената кривична пријава работел за неговата шефица со која ја делел заработката.По неговото апсење, уапсена е и старлетата Милица Живановиќ попозната како Мими Оро и уште пет други нејзини колешки.

-Врз основа на податоците од лаптопот, мобилните телефони со т.н. златни картички, како и документацијата што полицијата ја заплени во автомобилот на познатото естрадно макро, полицијата успејала да го поврзе Михаил М. со сопругата на познатиот бизнисмен. Се претпоставува дека Михајло ги вршел „валканите“ работи, ги поврзувал клиентите со естрадните проститутки, одредувал тарифа и ги испраќал на одредена адреса, вели изворот.

Така на сопругата на познатиот бизнисмен рацете и останувале чисти, додека во џебовите собирала илјадници евра. За сопругата макро српски Курир пишуваше и порано, кога во јавноста се  појави аферата на порно снимките на српските министри кои завршија во рацете на странските служби.

– Постојат одредени сознанија за „бизнисот“ на таа жена и таа прва ќе се најде на удар на надлежните орргани во истрагата во врска со елитната проституција. Поради снимките на политичарите ќе одговараат и водителките и пејачките што се на видео-записите, вели соговорникот на српски Курир.

ФОТО: kurir.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.