Македонија,Крими хроника

Фудбалери во Куманово се испотепале на терен, настрадал еден полицаец

Фудбалери во Куманово се испотепале на терен, настрадал еден полицаец

Вчера околу 18,15 часот во селото Шупли Камен, кумановско на фудбалскиот стадион, бил одигран фудбалски натпревар помеѓу ФК„Башкими“ и ФК„Карпош“ и двата клуба од Куманово, при што дошло до тепачка помеѓу играчите.

При интервенција на полициски службеник, полицаецот бил физички нападнат од неколку лица.

Фудбалерите го давеле полицаецот нанесувалјќи му телесни повреди.

Негов колега поради заплашување во воздух испукани биле три куршуми од службениот пиштол, по што напаѓачите се разбегале. Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во нарушувањето.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.