Фудбалерите на Баерн исфрлени од соблекувалната на судијата Касаи

Тиаго Алкантара, Роберт Левандовски и Артуро Видал правдата по натпреварот ја барале во соблекувалната на унгарскиот судија Виктор Касаи. Ситуацијата била прилично напната па морале да интервенираат и полицајците.

Реал со судискиот поклон на Касаи го исфрли Баерн по продолженијата, откако победи со 4:2 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Немили сцени биле видени по натпреварот на Сантијаго Бернабе, затоа што Алкантара, Левандовски и Видал правдата одлучиле да ја бараат во соблекувалната на унгарскиот судија.

Играчите биле толку лути што морала да интервенира и полицијата за да ги исфрли од соблекувалната.

-Ова е кражба, вакви работи не смеат да се случуваат во Лигата на шампионите. Тешко е да се прифати пораз кога судијата така ќе ве посрамоти, изјави Видал, кој во 84 минута престрого доби втор жолт картон, па Баерн остана со играч помалку.

-Не е до тоа дека треба видео технологија, требаат квалитетни судии, заклучи Видал.

Малку поблаг беше Тиаго, но пораката е јасно, а тоа е дека Касаи ги ограбил.

-Сите сме луѓе и можеме да погрешиме, но на ова ниво се знае какви мора да бидат судиите, кажа Алкантара.

Арјен Робен одигра одличен натпревар, но за прекршокот над него од страна Касемиро, Бразилецот се извлече без опомена, иако мораше да добие втор жолт картон и да го заврши натпреварот.

-Ваков натпревар е сјајна реклама за фудбалот, а потоа одлучува некој со свирче. Не сакам да зборувам за судиите, но секогаш мора да ги погледнете сопствените грешки и што правите криво. Овде не се работи за една грешка, ги имаше повеќе и беа клучни, изјави Робен.