Фудбалерите на Германија евакуирани поради дојава за бомба

Лажна дојава за бомба ги примора на евакуација репрезентативците на Германија

Со оглед на бројните терористички напади во Париз, “панцирите” се итно евакуирани од полицијата, а специјален тим го прочешла хотелот.

Сепак, дојавата за бомба била лажна.

Имаше дојава за бомба во хотелот. Бевме евакуирани, но на крајот се покажа дека се работи за лажна дојава кај полицијата, изјави менаџерот на германската репрезентација, Оливер Бироф.

Последниот дуел меѓу Германија и Франција одигран на СП во Бразил заврши со минимален триумф на “триколорите” од 1:0, со погодокот на Матс Хумелс.