сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Фудбалерите на Реал и дефинитивно не го “мирисаат” Бенитез

Рафаел Бенитез не ја ужива поддршката на фудбалерите на Реал Мадрид, а тоа уште повеќе стана јасно откако не го поканиле на Божиќната вечера што самите си ја организирале во ресторанот "Фокс" во Мадрид.

benitez razocaran

Поврзани вести

Кристијано Роналдо имаше жестока реакција кон Бенитез, Герет Бејл одби да ги послуша неговите совети на дуелот со Вилјареал, а потоа “кралевите” не поканиле ниту еден член на стручниот штаб за време на нивното дружење.

Тоа јасно покажува дека Бенитез ја загубил довербата и дека најверојатно Зинедин Зидан многу брзо ќе го наследи неговото место на клупата на “Сантијаго Бернабеу”.

Реал Мадрид има уште два меча до крајот на 2016 година, а секој нареден “кик” ќе значи и речиси сигурно заминување за Рафа Бенитез.

“Кралскиот клуб” претстојниот викенд ќе игра со Рајо Валјекано, а потоа следи дуелот со Реал Сосиедад.

Најчитани вести