Фудбалерот кој и донесе титула на Германија во 1990-та, сега чисти тоалети за да преживее

Прославениот фудбалски ас Андреас Бреме, кој на Светското првенство во 1990-та година и донесе титула на Германија со неговиот гол од пенал во 85-та минута, се наоѓа во незавидна финансиска ситуација.

breme

За да го отплати огромниот долг од 250.000 евра, Бреме мора да чисти тоалети.

Германските медиуми пренесуваат дека поранешниот фудбалер и тренер се наоѓа во најлошиот период од својот живот. Тој е без постојана работа веќе осум години, а во моментов е „шворц“ и има долгови во висина од 250.000 евра. Тој би можел да ја загуби и куќата доколку не го отплати долгот кој во наредниот период би можел да порасне на 400.000 евра.

breme 2014

Токму поради оваа ситуација, уште една германска фудбалска легенда, Франц Бекенбауер покрена иницијатива да му се помогне на Бреме, кој во моментов работи во компанија која се занимава со чистење и одржување на тоалети.

Бреме (53) во својата кариера има играно за Бармек, Сарбрикен, Кајзерслаутерн, Баерн, Интер и Сарагоса. Тој за националниот тим на Германија има одиграно 86 натпревари и постигнал осум голови.

Беше тренер на Кајзерслаутерн, Унтерахинг и Штутгарт, а без работа е од 2006-та година. На Германија и ја донесе титулата Светски првак откако беше прецизен од единаесет метри во 85-тата минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.