Фудбалот кај нашиот јужен сосед е траги-комедија

Фудбалот кај нашиот јужен сосед во последните неколку години е вистинска трагедија. Насилство, прекинати мечеви, хулигани, корупција, наместени мечеви и еден куп прекини поради дивјаци фудбалери.

Пред неколку дена, аматерски екипи се искршија од ќотек како да се две завојувани хулигански групи, а сега на нов таков аматерски меч на Крит (Коронис против Инка), фудбалер нападна судија. Му удри шлаканица затоа што досудил пенал. Арбитарот во соблекувална повика полиција, а таман да дојдат чуварите на полиција, напаѓачот се пресоблече и избега по ридот за да се скрие. Полицијата се појави, ама напаѓачот не го најде.

Извор: Спортмедиа.мк