Фудбалот во Јужна Африка завиен во црно

Првиот голман, а воедно и капитен на фудбалската репрезентација на Јужна Африка, Сенцо Меива, минатата ноќ е пронајден мртов во куќата на својата девојка, познатата пејачка Кели Кумало.

Иако тамошната полиција сеуште не дава точни информации што точно се случило, според медиумите во оваа земја, Меива бил убиен од страна на 7 луѓе, кои провалиле во куќата на неговата девојка и со повеќе истрели од огнено оружје го усмртиле на самото место. Токму поради овие информации се шпекулира дека се работи за класична егзекуција со умисла.

Сенцо Меива бранеше за Орландо Пајретс, а беше и еден од најценетите играчи во репрезентацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.