Фудбалска лекција од Осасуна за ѕвездите на Атлетико М.

Последното гостување во Памплона и последниот дуел против секогаш незгодниот тим на Осасуна, големите ѕвезди на Атлетико (М) најмногу ќе го паметат по катастрофалниот пораз од 3:0.

Вината за неочекуваниот кикс и за пропуштената шанса да се искористи пак големиот киск на каталонскиот гигант Барселона, фудбалерите на Атлетико (М) мораат да ја побараат во очајната игра во првите 45 минути од натпреварот.

„Кога противникот ќе одигра подобро, тогаш редно е прво да му се честита за заслужената победа. Осасуна одигра подобро од Атлетико (М), Осасуна ги заслужи трите бода. Точно дека одигравме многу подобро во вторите 45 минути од натпреварот, но посакуваниот кам-бек падна во вода откако Осасуна го постигна и третиот погодок. Искрено, не очекував таква игра од Осасуна, не очекував таков офанзивен пристап. Не изненадија, брзо постигнаа два погодока и не направија ниту една грешка во првото полувреме”, изјави тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне.

Резултати: Р.Валјекано – Севилја 0:1, Бетис – Атлетик Б. 0:2, Валенсија – Гранада 2:1, Осасуна – Атлетико М. 3:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.