Фудбалска лекција од Реал (М) за Атлетико (М)

Првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија, градската пресметка помеѓу вечните ривали, Реал (М) и Атлетико (М), заврши со убедлив тиумф на „кралскиот клуб” од 3:0.

Најголем удел во убедливиот триумф на домаќинот имаат противничките дефанзивци, Инсуа и Миранда, кои за жал ја затресоа сопствената мрежа, а вториот погодок на натпреварот беше дело на малдиот напаѓач Хесе.

„Од се’ сум задоволен, од играта, од конечниот резултат, од тоа како функционираше дефанзивната линија. Заслужено забележавме толку убедлива победа, но ништо не е готово, сакам вака да играме и на реванш дуелот на ’Винсенте Калдерон’. Ова е вистинскиот пристап, сите ние кои сме дел од Реал (М) сакаме ваков да биде нашиот стил на игра до крајот од актуелната сезона”, изјави по натпреварот тренерот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти.

Сигурна победа од 2:0, но во првиот полуфинален дуел против гостинскиот тим на Реал од Сосиедад, забележаа фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона.