Фудбалската репрезентација до 21 година денес се среќава со Црна Гора

Натпреварот со Црна Гора пред се ќе биде показател за психолошката подготвеност на фудбалерите да покажат дека можат да се носат со притисокот кој го носи еден ваков натпревар со противник кој е подобро рангиран од нашата селекција. Верувам дека фудбалерите ќе го покажат својот квалитет и односот кон репрезентацијата ќе им биде на највисоко ниво, изјави Милевски.

Тој уште еднаш потенцира дека пресметката против Црна Гора е последниот филтер во селектирањето на фудбалерите кои ќе ги започнат квалификациите за ЕП 2019 во Италија.

Поголемиот дел од играчите во составот во своите нозе веќе имаат натпревари од Европските квалификации и затоа во моментов се во предност пред останатите. Но, секој што ќе добие шанса мора да го потврди квалитетот на теренот, на нив самите е дали ќе го задржат местото во репрезентацијата. Финалното селектирање за фудбалерите кои ќе ги започнат квалификациите за ЕП во Италија претставува натпреварот со Црна Гора, вели Милевски.

Натпреварот Македонија – Црна Гора ќе се игра денес од 14 часот на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.