Спорт

Фудбалски навивачи убиени во Бразил

Фудбалски навивачи убиени во Бразил

Бразилската полиција соопшти дека се убиени осум навивачи на фудбалскиот клуб Коринтијас, јави агенцијата Анадолу.

Како што информираат од полицијата, група на вооружени напаѓачи влегла во просториите на клубот во кој се наоѓале навивачите на фудбалскиот клуб Коринтијанс и убиле осум лица.

Според првичните информации, се верува дека не се работи за класичен судир меѓу навивачки групи, туку дека станува збор за поврзаност со трговија со дрога. Во моментов, полицијата ги сослушува сведоците на настанот.