Фудбалскиот сојуз на Франција во одбрана на Зидан

Фудбалскиот сојуз на Франција одлучи да застане во одбрана на својата фудбалска легенда Зинедин Зидан, кој доби тримесечна суспензија поради која нема да може да ја води Б екипата на Реал Мадрид.

Тие се повикаа на правилото на УЕФА според кое може да се води екипа во периодот на учење за тренерска лиценца.

„Зинедин Зидан длучи да се обучува со цел да ја стекне неопходната дозвола и ќе биде штета доколку му биде забрането да ја врши својата работа, иако прописите на УЕФА тоа му го овозможуваат“, се огласи денес во врска со случајот претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Гре.

Одлуката за суспензија на Зидан на тренерската позиција во екипата на Реал Мадрид Б, во траење од три месеци, беше донесена вчера од страна на надлежен шпански суд, по жалбата на претседателот на шпанскиот државен тренинг-центар за фудбалски тренери, Мигел Галан, според кој Зидан ги нема потребните квалификации.