Фудбалскиот терен во Манаус во очајна состојба

Иако за неколку часа старува јубилејното 20. Светско првенство, организаторот се уште мака мачи со фудбалскиот терен на арената „Амазониа” во Манаус.

Токму на овој стадион, на 15 јуни ќе се одигра големиот дерби натпревар во групата „Д”, пресметката помеѓу репрезентациите на Италија и Англија.

Според последните инфорамаци кои пристигнуваат од Манаус и од последната слика, лесно ќе се дојде до заклучок дека зелениот терен е во очајна состојба и наликува на фудбалски терен на кој играат клубовите од втората или третата македонска фудбалска лига.