ТОП,Спорт

Фудбалерите на Вардар влегоа во Лига Европа и во историјата

Фудбалерите на Вардар влегоа во Лига Европа и во историјата

Играчите  на македонскиот шампион Вардар во четвртокот вечерта во Истанбул го приредија најголемото изненадување во фудбалска Европа совладувајќи го домашниот фаворизиран Фенербахче со 2:1 и со вкупни 4:1, како единствен клуб досега од Македонија, се пласираа во групната фаза во Лига Европа.

По победата во Скопје мината седмица од 2:0, Вардар славеше со дисциплинирана и сигурна игра славеше и на гостувањето, а имајќи предвид дека неговите играчи двапати ги погодија дирекот од противничкиот гол, победата можеше да биде и поубедливо изразена.

Првото полувреме, како и на мечот во Скопје, ја одбележа доминацијата на домаќините, но и најголемата шанса во првите 45 минути игра која ја имаше Барсегјан на само три минути пред крајот на полувремето. Ерменецот биеше само во стативата од голот на домаќините, а можеше уште во тие моменти од средбата во Истанбул да ги реши сите дилеми околу патникот во групите од Лига Европа.

Голманот Гачевски во текот на целата средба, а особено во првото полувреме беше на висина на задачата откако во неколку наврати со одлични интервенции ги спречуваше реализиациите на напади на Фенербахче кој немаше некоја посериозна шанса за гол.

Второто поулвреме, исто така, започна со целосна офанзива на Фенербахче, но овојпат домашните по само три минути ја создадоа првата вистинска шанса, кога Атиф шутираше од работ на казнениот простор но неговиот удар мина над пречката од голот на Вардар.

Гачевски подоцна во 53 минута уште еднаш одлично реагираше, кога остана ладнокрвен откако Туфан биеше со глава непречен од никого.

Фенербахче поведе со 1:0 со погодокот на Роман Нојштадтер во 61-та минута, кога успеаја да го скршат отпорот на вардаровата одбрана предводена од Гачевски успешно се бранеше до тој момент.

Вардар сепак успеа да израмни на 1:1, и тоа многу брзо по водството на Фенербахче со што ги закопа надежите на домаќините на коишто во тој момент им еба потребни уште три гола за конечене трумф во двомечот. Веќе во 68-та минута Грузиецот Џигаури беше стрелец на голот за историја, откако вардаровиот фудбалер со крајни напори успеа топката да ја внесе во голот на домаќините.

Барсегјан само три минути подоцна можеше да донесе и пресврт за Вардар, Ерменецот доби употреблива топка на работ на казнениот простор на домаќините, веднаш биеше но ја погоди само пречката од голот. Во 84-та минута Спировски го стави на нови маки голманот на домаќините Камени, кој со крајни напори успеа да го одбрани неговиот удар.

Глигоров со голот во 91-та минута ги постави конечните 2:1 во Истанбул по асистенција на Барсегјан во една прекрасно изработена контра.