Фукушима: Дел од жителите се враќаат во своите домови

За прв пат откако Јапонија ја погоди нуклеарната катастрофа, властите им дозволиле на жителите да се вратат во домовите во помал дел од забранетата зона во префектурата Фукушима.

Многу од евакуираните се’ уште не одлучиле да се вратат, поради страв од радијација, посебно плашејќи се дека тоа ќе има големи последици за нивните деца.

Посетите во таа зона и претходно биле дозволени, а таму веќе живеат околу 90 лица, со специјална дозвола.

Јапонија на 11-ти март 2011-та година беше погодена од силен земјотрес проследен со цунами и хаварија во нуклеарката во Фукушима, по што загинаа најмалку 20 илјади, а илјадници лица исчезнаа.

Околу нуклеарката се раселени повеќе од 100 илјади лица. Многу од нив се’ уште живеат во привремено сместување или кај свои роднини, а некои одлучиле животот да го започнат одново на некое сосема друго место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.