ВИДEО: Фукушима официјално загади една третина од светските океани

Без некое изненадување ова предизвика големо загрижување на државите во околината на овој океан поради следечките еколошки и економски мерки кои неминовно беа да се превземат. Со овој договор се воспостави перманентна контрола на  нивото на радиоактивни супстанци во водените површини.

Првиот годишен состанок се оддржа во август, 2012 година на кој се демонстриаа предиктивни хидродинамични модели и тие велеа дека силната водна струја, позната како Курошио, го имала капацитетот да ги рашири радиоактивните материјали преку целиот Пацифички Океан во источен правец. Како и да е, концентрацијата на радиоактивниот материјал не бил висок колку што се очекувало.officials-fukushima-has-now-contaminated-13-of-the-worlds-oceans

Теренско истражување открило два филтри од централата биле целосно покриени со елементи на цезиум кој што е радиоактивен материјал.

По некое време траги од цезиум 134 и цезиум 137 биле приметени во примероци на вода во близина на Британска Колумбија. Овие два примерока се земени една година подоцна по тестирањето на водата околу јапонското крајбрежје, па така нуклеарната незгода се смета се смета за единствен извор на загадување на овој дел од Пацификот. Ова е прв регистриран случај на цезиум 134 да биде приметен во близина на Северна Америка.

Покрај тоа што овие се само траги од овој елемент, опасноста од радиоактивен материјал во било која количина не смее да се потцени. Експертите велат дека овие забележани нивоа не можат да ни наштетат и дека се помалку и од радијацијата која што ја исфрла ренген машината.

Тие додаваат дека секоја радијација се додава на другата претходна и така можат да станат штетни. Проблемот со нуклеарната енергија и одлевањето на радиоактивен материјал односно проблемот со радијацијата е тоа што тиаа може да патува далеку со помош на водата и ветрот, па затоа треба да се трудиме да го држиме нивото на овие загадувачи на нула на глобална скала. Во секој случај, континуирано следење на океаните треба да биде превземено, според Кен Буслер, океански хемичар на Вуд Хол океанографскиот институт.

Што Буслер кажува треба да се превземе на подолгорочен план, не само до 2015 година, особено сега кога ИААЕ советува да се истура уште повеќе радиоактивен материјал во океаните. Оваа мерка е очигледно попримамлива од онаа овој отпаден материјал да се чува во контејнери. Секое празнење ќе треба да биде контролирано и континуирано следење на ситуацијата ќе биде повеќе од потребно, особено во близина на централата за да се подобри собирањето на податоците за загаденоста. Риболовците би го имале најголемиот проблем бидејќи секоја риба која што ќе ја уловат ќе треба да биде тестирана за радиоактивни траги.

Пред било кое исфрлање на ваков материјал ИААЕ и Токио Електрик КО., кој ја контролираше централата треба да ја земат во предвид не само еколошката последица, туку и социо-економскиот пустош. Сето ова е директна закана за луѓето што живеат во вакви средини, како и закана за глобалната заедница.