Функционери на СДСМ од Бутел реагираат против законот за јазици

Мартин Јовановски, поранешен потпретседател на СДММ во Општиснкиот одбор на партијата во Бутел и кандидат за советник од оваа партија на последните локални избори, на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од погрешните и антидржавни политики на СДСМ.

Мартин Јовановски на својот Фејсбук профил му дава поддршка на претседателот Ѓорге Иванов да стави вето на Законот за јазици. Притоа Јовановски пратениците од СДСМ кои го изгласаа законот за двојазичност ги нарекува предавници.

Јовановски во коментар објаснува дека за него љубовта спрема СДСМ е далеку помала од љубовта кон татковината Македонија, кој кажува дека тука нема простор за дебата!

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.