Футсал репрезентациите на Македонија и на Франција ќе одиграат два тест натпревара

Футсал репрезентацијата на Македонија, денеска со почеток од 20 часот ќе го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревара против селекцијата на Франција.

Селекторот Иван Божовиќ наспроти овие две контролни средби го објави списокот на фудбалери:

Голмани: Антонио Петровски (КМФ Велес), Влатко Петровски (КМФ Велес);

Одбрана: Зоран Левески (КМФ Велес), Ферид Агуши (КМФ Велес), Трајче Трајков (КМФ Велес);

Напад: Даниел Де Соуза (Мостар БГ), Игор Леовски (КМФ Велес), Мартин Тодоровски (КМФ Велес, Драган Петровиќ (КМФ Велес), Дарко Ранготов (КМФ Велес), Таулант Исмаили (КМФ Велес), Адријан Мицевски (Скваре Дубровник), Садат Зибери (Динамо Загреб), Александар Глигоров (КМФ Велес), Иван Крстевски.

Првиот натпревар е вечер од 20 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, додека вториот дуел е закажан за в среда во спортската сала во Велес.