FX Lider не е под надзор на КХВ

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги предупредува домашните инвеститори во однос на друштвото кое ги извршува своите активности под називот FX Lider преку интернет страната http://www.fxlider.com.

Преку наведената веб страна и преку изјавите и написите дадени преку медиумите се посочува дека помеѓу FXLider и инвестициското друштво Fortrade Ltd. Лондон постои договор за соработка и промоција на услугите за тргување и платформите за тргување на Fortrade Ltd. Лондон, инвестициско друштво со овластување и под супервизија на регулаторот од Обединетото Кралство FCA (Financial Conduct Authority).

Согласно Законот за хартии од вредност, странска брокерска куќа која е овластена да ги врши сите или некои од услугите со хартиите од вредност во која било од земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), може да ги врши истите услуги на територијата на Република Македонија преку своја подружница која има дозвола за работење добиена од Комисијата.

Друштвото кое ги врши своите активности под називот FX Lider, не е брокерска куќа со дозвола за работење добиена од Комисијата, не е подружница на странска брокерска куќа која има добиено дозвола за работење од Комисијата односно не е регистрирана подружница на Fortrade Ltd. Лондон, во Република Македонија.

Врз основа на Законот за хартии од вредност, Fortrade Ltd Лондон нема овластување за давање на услуги со хартии од вредност на територијата на Република.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, ги предупредува инвеститорите на особено внимание при разгледување и прифаќање на директните или понудите на веб страната на FX Lider, имајќи предвид дека КХВ не врши надзор и супервизија над законитоста во неговото работење, ниту може да влијае врз заштита на правата и интересите на инвеститорите.

Регистарот на брокерските куќи кои имаат дозвола за работење добиена од Комисијата е достапен на веб страната на КХВ: www.sec.gov.mk