среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 46

ФЗОМ: 11.902 осигуреници користеле електронски услуги

Вкупно 11.902 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги на порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија со кои на брз, лесен и ефикасен начин ги оствариле своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

fzom-krvodariteli-potvrda-640x479

Поврзани вести

 

Вкупно 11.902 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги на порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија со кои на брз, лесен и ефикасен начин ги оствариле своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

ФЗОМ го воведе сетот електронски услуги во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата меѓу Фондот и осигурениците, фирмите и здравствените работници.

Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.

Најкористена електронска услуга за заверка на ортопедски помагала

Најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, која 9.508 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат, а потоа следат барање за БПО (866), извештаи за спреченост при работа (838) и предлог за оцена на привремена спреченост за работа (690).

Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали тој е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобивки од електронските услуги.

Видео туторијали за тоа како се користат електронските услуги

За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор за начинот како да се користат електронските услуги на Фондот.

Видео туторијалите се објавени на веб страницата на Фондот на следниов линк: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=03745AB41443004A8EAB9A0105914B95 или на линкот на Фондот на youtube: https://www.youtube.com/channel/UCXc5Hr1czS6RKf8-4CDFRVA.

Најчитани вести