Македонија

ФЗОМ целосно ќе го покрива породилното и во случај фирмата да не плаќа придонеси

ФЗОМ целосно ќе го покрива породилното и во случај фирмата да не плаќа придонеси

Од март 2015 година средствата за боледување и породилното отсуство во целост ќе ги плаќа ФЗОМ без разлика дали фирмата во која лицето е вработено плаќа или не плаќа придонеси. Право на надоместок за породилно отсуство ќе имаат сите вработени без разлика дали се на определно или неопределно време и без разлика дали тој договор ќе им истече додека трае породилното отсуство. Ќе се воведе дисциплина за фирмите за редовно и навремено доставување на барањата за отварање на породилните отсуства и боледувања.

Ова се трите законски измени кои денеска ги најави директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејкова.

Право на надоместок за породилно отсуство ќе имаат лицата кои предходно без прекин биле 6 месеци осигурани во фирмата во која работат исто како што беше и досега.

Парнарџиева-Змејкова истакна дека со овие измени ќе им се олесни на осигурениците да ги остварат своите права и гарантирана месечна исплата, без разлика во каква состојба ќе биде фирмата во која биле вработени.

Најави дека со овој модел ќе се овозможи административно олеснивање во делот на поднесување на барањата.

-Фирмата, осигуреникот или болницата само со еден документ и електронска достава ќе можат автоматски да најават во Фондот дека предметот за боледување и породилно е отворен, а Фондот сите потребни документи ќе ги обезбеди по службена должност, истакна Парнарџиева-Змејкова.

Фондот воведува нов информатички ситем со цел да се автоматизира целиот процес на обработка на предметот внатре во подрачните служби на Фондот со кој ќе се овоможи да нема админитративен застој на предметите.

Осогурениците редовно од ФЗОМ ќе добиваат информации за тоа во која фаза им се наоѓа предметот.