ФЗОМ: Да се проверува веродостојноста за донациите за лекување, за да нема манупулација со граѓаните

ФЗОМ апелира до сите медиуми пред да објават било какви наводни барања за донации за лекување во странство, да се обратат до Фондот со цел да ја проверат веродостојноста на информацијата и да се избегне било каква манипулација на хумните граѓани во Република Македонија.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на мајката на детето Д.Ј.

ФЗОМ на детето веќе еднаш му има одобрено лекување во странство. Извршена е успешна хируршка интервенција на товар на ФЗОМ во 2014 година во Турција, за што, медиумите навремено ја известија јавноста.

Постоперативно, детето е згрижено од Универзитетската клиника за детска хирургија и на Универзитетската клиника за ОРЛ и му се пружаат сите потребни здравствени интервенции. Терминот за кој мајката на детето кажува дека детето Д.Ј. треба да биде оперирано во Република Турција, се совпаѓа со закажаниот термин за редовна интервенција во Универзитетската клиника за детска хирургија.

ФЗОМ и универзитетските клиники за детска хирургија и ОРЛ се зачудени од искажувањата на мајката, која бара средства за донации за лекување кое е веќе извршено на товар на Фондот.

Фондот останува доследен во спроведување на Владината програма за лекување во странство за сите осигуреници за 12.000 денари.