ФЗОМ донираше детски играчки за четири ЈЗУ

ФЗОМ донираше детски играчки за четири јавни здравствени установи.

Детски играчки се донирани во Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања Козле, Клиничката болница – Тетово и Општата болница – Охрид. Донирани се камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца, со кои ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години кои се хоспитализирани во тие јавни здравствени установи.

igracki

Од ФЗОМ соопштија дека преку бројните проекти кои ги реализираат продолжуваат со грижата за своите осигуреници.

Се надеваме дека оваа донација на детски играчки барем за миг ќе им го разубави престојот во болница. Грижата и посветеноста на Фондот е сите осигуреници да го остварат правото на здравствено осигурување, како и подобрување на квалитетот, професионалноста и хуманоста на вработените во здравствениот систем, стои во соопштението од ФЗОМ.

Неограничен буџет за лекување во странство

Осумдесет и еден пациент добил позитивно решение од ФЗОМ за лекување во странство оваа година. За интервенциите и болничките трошоци од касата на Фондот се исплатени 224 милиони денари.

Првиот човек на Фондот, Сашо Стефановски вели дека буџетот за оваа намена е неограничен и дека во странство се праќаат сите оние кои неможат да бидат лекувани во земјава, објави МРТ.

За нас цената на интервенцијата воопшто не е важна. Можеме да потрошиме онолку колку што е потребно за нашите пацинети, доколку стручните лица, професорите во комисиите ја утврдат потребата за лекување во странство, изјави Сашо Стефаноски, директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија за МРТ.

Тој објаснува дека за лекување во странство одлучува комисија составена од професори, а се повикуваат и лекарите кои го лекуваат пациентот во земјава. Комисијата еднаш неделно ги разгледува барањата, но доколку станува збор за итен случај, односно кога пациентот е во живото загрозувачка состојба барањето мора да се реши за два дена. Од пред две години променет е начинот на плаќање за лекување во странство.

Пациентот плаќа само 12.000 денари, без разлика колку чини интервенцијата

Од еден модел кој се користеше порано, пацинетот да плати 20 проценти од цената на чинење на лекувањето, на иницијатива на Влада тоа се промени. Сега пациентот плаќа само 12.000 денари без оглед колку чини интервенцијата, додава Стефановски.

Според него, ова е од голема важност за пациентите и за нивното лекување, бидејќи некои интервенции чинат и по 300.000 евра.

 

 

Проектот Отворени денови на ФЗОМ продолжува летово.