ФЗОМ: Едукативна работилница со пензионерите во Струга

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Џемали Мехази, денеска, на десетата едукативна работилница во Струга,  се заблагодари на Сојузот на пензионери и на Црвениот крст за успешно реализирање на едукативните работилници кои имаат цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за нивните права од здравственото осигурување.

Во своето обраќање до пензионерите, Мехази  истакна дека целта на едукативните работилници е информирање на пензионерите како да ги остварат што побрзо и полесно правата од здравствено осигурување. На работилницата имаше презентација за остврување на правата и презентација за трите најчести хронични заболувања кај оваа популација, стои во соопштението од Фондот.

Мехази исто така истакнал дека пензионерите се многу важна група на осигуреници и токму затоа ФЗОМ е секогаш отворен за соработка со пензионерите и подготвен да им излезе во пресрет на нивните потреби кои се во надлежност на Фондот.

ФЗОМ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.