ФЗОМ ги казнува клиниките кои не услужиле пациенти

Клиниките кои не го почитуваат „Мој термин“ и не услужуваат пазиенти, ќе се соочат со казни, пишува Дневник.

За оние што не ги почитуваат новите правила, Фондот за здравство од пред неколку дена почна да препишува и парични казни. Тие беа изречени на 12 јавни здравствени установи, меѓу кои и на неколку хируршки клиники, кои треба да платат од 75 до 150 илјади денари бидејќи неоправдано вратиле кај матичните лекари 26 пациенти, објави Дневник.

-Од средината на април специјалистите може да креираат упати со важност и до една година за пациентите да не мора да одат повторно кај матичниот лекар. И за итните случаи не треба упат од матичниот, туку го издава здравствената установа што го примила пациентот, потсетуваат од Фондот за здравство.

Ако пациент кој има хронични заболувања и треба да се хоспитализира, дозволено е специјалист да му издаде и упат за болничко лекување.

Матичните лекари тврдат дека проблемите со упатувањето се јавуваат зашто се уште е мал бројот на специјалистите што сами ги закажуваат контролите на пациентите.

извор: Дневник