ФЗОМ го одобри барањето за лекување на Мартина Стојановска

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија денес информира позитивно е решено барањето за лекување во странство на девојчето Мартина Стојковска, кое се испраќа на лекување во странство во Турција, во времетраење од осумнаесет дена и во придружба на родител.

Мартина Стојковска има 12 години и сколиоза која прогресивно напредува. Потребна и е итна операција на рбетниот столб, во Турција.

Таа веќе 5 години се бори со деформитетот на рбетниот столб. Кога била откриена сколиозата, Мартина имала само 7 години, а деформацијата била 28 степени. Сега, 5 години подоцна прогресира на над 105 степени.

Покрај сите неуспешни обиди на лекарите кај нас да се справат со сколиозата, да го стопираат прогресот и ја корегираат истата, родителите мораат спасот да го бараат надвор од државата со што е потребна итна и неодложна операција во странство за да може девојчето слободно да дише, да се храни, да седи и да се движи.

Деформацијата е дотолку опасна што доколку не се изврши хируршката интервенција на време може да ја парализира и да доведе до влошување на нејзината здравствена состојба во целост.