ФЗОМ го одобри барањето за лекување во странство на З.Ѓ.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека го одобрил барањето за лекување во странство за осигуреното лице З.Ѓ.

Фондот, стои во соопштението, го одобри барањето за лекување во странство за осигуреното лице во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе биде на товар на Фондот.

Од минатата година, на сила стапија законските измени со кои се овозможи за здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице да учествува со 20 отсто од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението.