ФЗОМ и Фармацевтскиот факултет потпишаа меморандум за соработка

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и Фармацевтскиот факултет од Скопје денеска потпишуваа меморандум кој предвидува зајакнување на капацитетиите на двете институции преку соработка на разни истражувачки проекти, проектни задачи и организирање на заеднички работилници.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски истакна дека со потпушување на на меморандумот со Фармацевтскот факултет се утврдува рамката со која ќе се реализира идната заемна соработка.

– Со овој меморандум се обврзуваме дека ќе работиме на зајакнување на заедничките капацитети преку соработка на разни истражувачки проекти, проектни задачи и организирање на заеднички работилници. Истовремено, заедно со професорскиот и стручниот кадар на Фармацевтскиот факултет и експертските тимови на ФЗОМ ќе овозможиме повисоко ниво на соработка, рече Стефановски.

Појасни дека соработката ќе биде од голема полза за двете страни бидејќи ќе се зајакнат аналитичките капацитети и ќе се носат најдобри можни одлуки за тоа кои мерки од областа на фармацијата, односно здравството, би можеле да се имплементираат во рамките на финансиските средства кои се на располагање.

Вториот директор на ФЗОМ Орхан Рамадани ги појасни деталите на меморандумот кој предвидува работа на развојно – истражувачки проекти, работа на апликативни проектни задачи, консултативни активности и експертски услуги, обезбедување студентска пракса за студентите, …

Соработката ќе овозможи искористување на научно-стручните, професионалните, материјално -техничките и просторните услови на двете институции. Ќе се врши заедничко истражување на полето на фармако- економијата, а ФЗОМ, пак, ќе овозможи пристап до големиот број на податоци кои ги има во информатичкиот систем.

Деканот на Фармацевтскиот факултет Светлана Кулеванова истакна дека факултетот е спремен да ги даде на услуга своите потенцијали во смисла на човечки ресурси, експертски и научен кадар, просторните услови, за како што кажа, да се придонесе кон реализација на проектите кои што се договорени со Фондот.