ФЗОМ меѓу најљубезните институции

ФЗОМ како една од најсложените институции во државата, која соработува на дневна основа со над 75.00 фирми, преку 4000 здравствени установи и институција во која секој граѓанин барем еднаш годишно ќе дојде да побара некоја услуга, забелажа напредок во пружање на своите услуги на осигурениците.

Овој напредок и позитивен резултат, министерот за информатичко општетство и администрација Иво Ивановски и го честиташе на директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, како резултат од од спреведената анкета за Таен клинет и мерење на задоволство на граѓаните од работата на ФЗОМ.

Директорката Парнарџиева-Змејкова се заблагодари на МИОА и лично на министерот за поддршката и истакна дека напорите кои ФЗОМ ги прави за воведување на информатичка револуција, граѓаните, фирмите и здравствените институции сега ги чувствуваат.

Најдобри резултати ФЗОМ има во делот на однос на вработените кон осигурениците, поради што граѓаните работата на институцијата ја оцениле подобро во однос на минатата година. Причината за ваквата оценка е тоа што над 84% од граѓаните ја добиваат бараната услуга во рок од 15 минути, не се препраќаат од еден шалтер на друг, лесно доаѓаат до потребните информации и не им било барано дополнителни документи од други институции. Бројката на предмети на годишно ниво која се обработува во ФЗОМ изнесува 3,2 милиони предмети. Операторите на ФЗОМ се најљубезни и генерален заклучок е дека силната страна на ФЗОМ е човечкиот потенција и вработените, во кои постојано се вложува за нивна доедукација.

ФЗОМ воведувајќи ги електронските услуги и административната гилотина им овозможи на граѓаните, фирмите и докторите, како и на сите останати партнери ефикасна и навремена професионална услуга, без губење време и чекања по подрачните служби.

Резултатите од спреведената анкета за Таен клинет и мерење на задоволство на граѓаните од работата на ФЗОМ се едма од Таен клинет е една од алатките која на ФЗОМ и помага постојано да го подобрува сопственото работење и квалитетот на услугите на осигурениците, фирмите и институциите.