ФЗОМ назначи нови директори

Сања Минкова и Орхан Рамадани се новите в.д директори на Фондот за здравствено осигурување, објави порталот zdravstvo24.mk.

На директорските функции се назначени на вчерашната владина седница.

На седницата Владата ги прифати оставките на Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази кои вчера си поднесоа оставки од човечки причини поради смртта на Тамара од Велес. Инаку Рамадани е поранешен директор на Аеродроми Македонија, а Минкова е вработена во Владата.