петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 20

Наплатниот пункт на ЕВН Македонија во Струга со нова локација

Во Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Македонија во Струга денес беше отворен наплатниот пункт со нова локација.

Поврзани вести

Во Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Македонија во Струга денес беше отворен наплатниот пункт со нова локација.

Новиот наплатен пункт кој се наоѓа на ул. Кеј 8 Ноември б.б. влез 2 – е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено.

За сите корисници на струшкиот реон кои најчесто се одлучуваат својата обврска кон ЕВН да ја подмират директно во шалтерите или пак не се откажуваат од навиката сметките да ги плаќаат директно на шалтер, новиот наплатен пункт има повеќе капацитет за нивните одредени услуги да бидат исполнети.

ЕВН Македонија во последните години има развиено голем број на услуги како да ги плаќаат на брз и ефикасен начин фактурите за електрична енергија, и тоа во банките, пошта, а можат да се користат и современите начини на плаќање на сметките на интернет, без туркање на шалтерите.

 

Најчитани вести