Македонија

ФЗОМ објави повик за склучување договори за ортопедски помагала

ФЗОМ објави повик за склучување договори за ортопедски помагала
Фондот за здравствено осигурување на Македонија објави јавен повик за склучување договори за издавање на ортопедски и други помагала со ортопедски куќи и здравствени установи- аптеки.

Целта, како што соопшти ФЗОМ, е да се обезбеди поголема достапност на ортопедски и други помагала за осигурениците на товар на Фондот.

На јавниот повик можат да се јавата сите заинтересирани ортопедски куќи регистрирани за промет и производство на ортопедски и други помагала и здравствени установи – аптеки, кои се вклучени во мрежата според Уредбата за мрежа на здравствени установи. Објавениот оглас е во согласност со член 130 од Законот за лековите и медицинските помагала како и член 9 став 1 под б) точка 3 и член 70 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со член 11 од Правилникот индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Заинтересираните правни субјекти може да поднесат пријава за склучување договор, а потребната документација треба да е во писмена форма и да се достави во периодот од 07.09.2016 година до 21.09.2016 година до архивата на Фондот (ул. Македонија број 5, Скопје).

Ортопедските куќи и здравствените установи – аптеки треба да исполнуваат соодветни услови и да ги имаат сите потребни документи и соодветни решенија од надлежните институции – Министерство за здравство и Агенција за лекови.

Потребнтеи документи за склучување договор за обезбедување на ортопедски и други помагала се објавени на веб страницата на Фондот на следниов линк: http://fzo.org.mk/WBStorage/Files/javen%20povik%20ortopedski%20pomagala.pdf

Огласот се однесува само за  правни лица (ортопедски куќи и здравствени установи – аптеки) кои во мометот немаат активен договор за обезбедување на ортопедски и други помагала со Фондот, се наведува во соопштението од ФЗОМ.