ФЗОМ одобри 85.000 долари за лекување на З.М. во Турција

Фондот за здравствено осигурување информира дека одобрило пари за целосно лекување во странство на осигуреното лице З.М.

„Решението за лекување е веќе подигнато од страна на родителите, а терминот за прием во реномирана странска болница е утре, во Република Турција во износ од 85.000 долари“, се наведува во соопштението на ФЗОМ.