петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

ФЗОМ: Околу 3.500 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Според првичните податоци на Фондот за здравствено осигурување, за само еден месец од кога се воведени електронските услуги, 3.498 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронските услуги.

fzom

Поврзани вести

Според првичните податоци на Фондот за здравствено осигурување, за само еден месец од кога се воведени електронските услуги, 3.498 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронските услуги.

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Според првичните податоци на Фондот за здравствено осигурување, за само еден месец од кога се воведени електронските услуги, 3.498 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.

Најчесто користена електронска услуга овој месец е електронската услуга за заверка на ортопедски помагала, која 2838 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

Преку електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување најголемата придобивка за осигурениците, фирмите и здравствените работници е тоа што се избегнува одењето во подрачните служби а со самото тоа се избегнува и трошењето на време и финансиски средства, но и можноста за увид во сопствениот предмет, дали истиот е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства.

Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи и во иднина да ја унапредува својата работа и комуникацијата со осигурениците, фирмите и здравствените работници во насока на воспоставување на целосен ефикасен и ефективен систем со една и единствена цел – задоволни осигуреници.

Најчитани вести