ФЗОМ: Осигурениците да не чекаат за ин витро

ФЗОМ: Осигурениците да не чекаат за ин витро
ФЗОМ: Осигурениците да не чекаат за ин витро

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) денеска на прес-конференција ги повика своите осигуреници на што порана возраст да го искористат правото на биомедицински потпомогнато оплодување и да не ја одложуваат ин витро постапката бидејќи евидентен е успехот на забременување кај осигуреничките под 35 години, додека над таа возраст шансата за успешност прогресивно опаѓа, објави МИА.

Процентот на докажана бременост по ин витро постапка во 2011 година изнесува 38,7 отсто, во 2012 – 41,3%, во 2013-50,5%, во 2014 – 54,5%, а до крајот на јули 2015 изнесува 53,5%, информираше директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски.

Од овој тренд произлегува дека здравствените установи со кои ФЗОМ има склучено договор за ин витро се високо специјализирани и со висок процент на успех, рече Стефаноски додавајќи дека надоместокот кој го покрива ФЗОМ е стимулативен и осигурениците побрзо се одлучуваат за ин витро.

Во однос на финансиските средства, за 2013 гопдина ФЗОМ исплатил 76.9 милиони денари, за 2014 година (за прво и за второ дете вкупно) 89 милиони денари, а до 31 јули 2015 година (за прво и за второ дете вкупно) 59 милиони денари.

Во последните две ипол години поднесени се 3.001 барање за ин витро од кои 2.795 односно 93% се позитивно решени.

Електонско барање за ин витро

Од април 2015 година започна и електронското поднесување на барање преку матичните гинеколози.

Во последните две ипол години поднесени се 3.001 барање за ин витро од кои 2.795 односно 93% се позитивно решени.
Во последните две ипол години поднесени се 3.001 барање за ин витро од кои 2.795 односно 93% се позитивно решени.

Голем удел за намалување на дополнителните медицински испитувања има воведувањето на електронските барања од страна на матичниот гинеколог, кои се 50% од ново поднесените барања по воведување на оваа можност во месец април оваа година.

За ин витро за второ дете, право што може да се оствари од 2014 година, до Фондот има поднесено 180, а позитивно е одлучено за 145. Во првите седум месеци во 2015 од 103 барања позитивно има одлучено за 91.

Забележителен е трендот на зголемување во оваа година. Но сметаме дека овој број сеуште е мал затоа што се гледа огромна разлика во однос на барањата за ин витро за прво дете. Сакаме да ги поттикнеме паровите кои се заинтересирани да аплицираат за ин витро за второ дете што побрзо да го направат тоа, а Фондот и службите се секогаш достапни за било какви дилеми, рече директорот  Стефаноски.

Како што соопшти Орхан Рамадани, еден од директорите на ФЗОМ, постојано се прават контроли во болниците со кои се склучени договорите и досега не се забележани одредени злоупотреби.

Постапката за ин витро како право, за прв пат е овмозможена на товра на ФЗОМ во 2008 година, а до 2010 година, осигурениците по одобрување од Фондот добиваат ваучер. Паровите имаа право на три обиди за прво и на три обиди за второ дете. Цената на интервенцијата изнесува 80.000 денари, а пациентот патиципира само со 6.000 денари.

Здравствените установи кои вршат ин витро, а кои имаат склучено договор со Фондот во 2015 година се: „Плодност“ од Битола, „Др. Оргаџински„ од Штип, „Ре-медика“ од Скопје, „Ултрамедика“ од Скопје, „Моја болница“ од Скопје која е во фаза на пререгистрација и менување на сопственоста, „Аџибадем Систина“ од Скопје, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Гинеко медика од Скопје и „Инанна систем“ (Њуборн клиник) од Скопје.