ФЗОМ: „Побрза исплата на породилните надоместоци и барања“, не е на штета ни на работодавците, ни на осигурениците

115

Во врска со проектот на Владата „Побрза исплата на породилните надоместоци и боледувања“, Фондот за здравствено осигурување на Македонија  апелира да престанат шпекулициите за овој  проект, кој се’ уште е во својот зачеток.

„Овој проект ФЗОМ наскоро треба да го достави како информација до Владата на Република Македонија, во која ќе бидат образложени модалитетите за имплементација на овој проект. Доколку Владата прифати некои од предложените модалитети, самиот проект најрано би можел да се имплементира во 2016 година. Би сакале да ја увериме јавноста, вклучително и наводните експерти, дека интенцијата на сите проекти, а особено на овој, не само што не е на штета, ниту на работодавачите, а уште помалку на осигуреницитие и осигуреничките, напротив, ја има целта како што гласи и насловот на самиот проект „Побрза исплата на породилните надоместоци и барања“. Колку за Ваша информација, неодамна, ваков сличен проект, веќе има имплементирано и Република Словенија. Затоа, кога ќе се имаат првите веродостојни информации за овој проект, како и секогаш, јавноста навремено ќе биде информирана, а дотогаш, ФЗОМ нема воопшто да коменира за проектот“ се наведува во соопштението на ФЗОМ.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.