ФЗОМ : Породилното нема да биде на товар на фирмите

Директорката Маја Парнарџиева Змејкова изјави дека секогаш кога фондот има конкретни проекти излегува со прес конференција. Ова е прв пат во рана фаза да излезат со информации за проект, едноставно затоа што се појавени сериозни дезинформации во јавноста.

-Фондот никогаш не размислувал, ниту предлагал надоместокот на плата да биде на товар на фирмите, како што некој шпекулира. Не го разбирам мотивот зашто јавноста беше дезинформирана од разни медиуми, но јасна е тенденцијата да се креира неизвесност и неоснована критика за добар проект и добри намери, рече Змејкова.

Таа истакна дека мотивот на фондот за сите проекти е секогаш да се подобри одредено право на осигурениците, во случајов правото на болниот и правото на мајката/таткото на породилното отсуство и додаде дека проектот е по барање на осигурениците, кои се на боледување или породилно отсуство кои сакаат надоместокот да го добијат во исто време со платата на останатите нивни колеги.

Во новата владина програма фондот има зацртано двегодишен проект за побрза исплата на надоместоците.

-Проектот треба да започне во 2016, а во изминатите два месеци е направена компаративна анализа за исплатите на надоместоците во земјите од нашето опкружување вклучително и земјите од ЕУ, вели Змејкова.

Засега се рагледуваат три модели кои што би можеле да бидат имплементирани во рамки на проектот побрза исплата на наоместоците, но тоа е проект кој што ќе започне да се реализира од 2016 година.

-Едниот е словенечкиот модел, другиот е  словенечки модифициран согласно нашите состојби, а третиот е административно и законско решение со кое не се менува системот на исплати туку се забрзува исплатата, потенцира Парнарџиева Змејкова.

Таа додаде дека сите модели  воедно ја инкорпорираат и конвенцијата за мајчинство, бидејќи предвидуваат побрзо остварување на правата на Мајките и негираше дека постојат било какви законски измени во моментов.

Змејкова информираше дека од јанури 2015. за да им се излезе во пресрет на осигурениците ФЗОМ ќе воведе уште една измена. и така породилно боледување ќе може да отвори и здравствената установа.

Тоа значи дека по породувањето болницата или матичниот гинеколог ќе пријави по службена должност отворање на породилно отсуство кое фондот веднаш ќе го процесира и ќе почне со исплата, без други документи.