ФЗОМ се стекна се ИСО 9001:2008 сертификат

ФЗОМ се стекна со ИСО 9001:2008. Стекнувањето на сертификатот за стандардот е  резултат на заложбите во внесување на сите иновации  и стандарди во своето секојдневно работење, што ќе резултира со задоволни осигуреници и клиенти, соопштија од Фондот за здравствено осигурува на Македонија.

Овој сертификат потврдува дека институцијата континуирано работи на подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси и испораката на услугите кон крајните корисници.

Стандардот ИСО 9000 спаѓа во групата  стандарди  што се однесуваат на имплементација на најдобрите практики во управувањето со квалитет во една организација.

Имплементираните ИСО процеси и процедури опфаќаат голем опсег од работењето на ФЗОМ, вклучувајќи ги областите на: стратегиско и тековно планирање, реализирање на внатрешните процеси во работењето на ФЗОМ, услугите кои ФЗОМ ги дава на своите осигурениции и следење и подобрување на работењето.

„Добивањето на ИСО 9001:2008 во пракса значи валоризирање на бројните интерни процедури, обуки, тестирања кои вродија со плод. Веќе сме признати како реформска институција со големи олеснувања, стандардизирани одлучување и фокус на услугите кон корисниците.“, велат од Фондот за здравствено осигурување во соопштението.

„Фактот што ФЗОМ се сертифицираше со ИСО 9001:2008 стандардот го потврдува континуираниот фокус на нашата институција за подобрување на квалитетот на работењето на администрацијата на територијата на целата држава. Тоа е голем успех за една институција а уште поголемо признание за јавна администрација.“, стои во соопштението од Фондот.